Поранешната професорка Алис Мекбреарти од Лондон, која била во едногодишна врска со својот 15-годишен ученик, е осудена на 16 месеци затвор.

Таа е прогласена за виновна за сексуални односи со дете, а по изрекувањето на пресудата се расплакала и лицето го покрила со раце.

Судијата нагласил дека Алис можела да ја препознае разликата меѓу добрите и лошите постапки, но дека сепак имала сексуални односи со малолетник.

Таа со својот ученик се состанувала по хотели, а понекогаш се бакнувале и во училницата ако останеле сами. Мекбреарти детето го запознала и со своите родилите.

- Го прифаќам фактот дека детето прифатило да има секс со професорката, но кој 15-годишник би одбил толку атрактивна понуда? Прифаќам и дека сте биле искрено заљубени еден во друг и дека годините немаат врска со љубота. Но сега имаат. Вашата должност била да го заштитите и да го научите тоа дете да донесува правилни одлуки, а вие сте го направиле спротивното - сте му помогнале да донесе погрешни - рекол судијата.

Врската започнала на иницијатива на професорката, која на ученикот му пратила покана за пријателство на Фејсбук. Биле заљубени и се дружеле по хотели, ресторани и паркови.

На врската и дошол крајот кога таткото на детето дознал и ја известил полицијата. Алис во меѓувреме останала без работа, а сега ќе помине и една година и четири месеци во затвор.

Претходно од оваа категорија:

zj 300x250-min

mileniumbanner21

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа