Vip

39-годишниот Холанѓанец, Диди Тајхути, одлучил да ја продаде куќа за Биткоини па денес живее со семејството во камп во близина на Венло, во покраината Лимбург.

Од заработката купува Биткоини и други криптовалути, бидејќи е уверен дека еден ден ќе се збогати.

- Сите ми велат дека сум луд, но ние сме семејство кое сака авантури. Малку ќе се коцкаме и ќе живееме скромно. Животот е здодевен ако не ризикувате -  вели тој.

Тајхути верува дека дигиталните пари како Биткоините и блокчејн технологијата, која стои зад нив, ја менуваат улогата на парите и банките во општеството.

- За пет години, сите ќе кажат: "Тоа можеше да се очекува". Јас сега реагирам на таа промена - додал Тајхути.

Заедно со сопругата, минатото лето донел радикална одлука да го продаде целиот имот. Брачниот пар и нивните три ќерки само што се вратиле од 9-месечно патување по Азија и Австралија, каде често среќавале луѓе кои користат дигитални пари, меѓу кои има и берзански трговци, со кои останал во контакт.

- Тие имаат искуство во трговијата, а тоа е тоа што мене ми недостасува - вели тој.

Тајхути е во овој бизнис од 2010, кога вределе помалку од едно евро.

- Јас сум бизнисмен. Кога прв пат слушнав за биткоин, реков: "Ајде да се обидеме".

Брачниот пар ќе продолжи така до 2020. година, кога, се надева Тајхути, Биткоинот ќе стане незаменлив, а неговата вредност ќе биде неколку пати поголема од денешната.

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila