Треј Релфорд пред две години убил 22-годишен доставувач на пици, а сега е осуден на 31 година затвор.

Но во целиот случај се случила несекојдневна сцена во американската судница, откако 24-годишниот Треј Релфорд, осуден на 31-година, заплакал по говорот на таткото на жртвата.

Имено, таткото на убиениот доставувач на пици, 22-годишниот Салахудин Јитмоуд, кој бил убиен пред две години, пред сите по говорот го прегрнал убиецот на својот син.

Синот го опишал како нежно, великодушно и срамежливо момче, кое се интересирало за музика, пишување и за кoго тоа била последната достава, по која се одлучил да побара нова работа. На крајот од својот говор се завртел кон убиецот и ги шокирал сите во судницата, кога кажал дека не го обвинува за смртта на својот син.

- Го обвинувам ѓаволот кој ве завел и ве натерал да направите такво злосторство - рекол таткото.

Истакнал дека е важно да се простува, бидејќи "простувањето е најголем дар на милосрдието во исламот".

Несреќниот Салахудин бил избоден и ограбен додека доставувал пица во Лексингтон во Кентаки, во април 2015-тата година.  Мајката на убиецот кажала дека нејзиниот син имал убаво детство, но дека како тинејџер почнал да се дрогира.

- Ја преземам одговорноста за смртта на вашиот убав син. Искрено ми е многу жал за вашата загуба, и сум шокирана од овој ваш гест - рекла мајката на убиецот.

На крајот се обратил и самиот убиец.

-Страшно се чувствувам поради сè. Не можам да ја замислам вашата болка, не можам да направам ништо, ви благодарам што ми простувате - рекол тој.

Претходно од оваа категорија:

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа