Vip

Доколку им се верува на статистичките прогнози на ЦИА, до 2050-тата година, во Македонија ќе живеат 4,4 проценти помалку луѓе отколку што живеат денес. Според бројките, тоа се околу 88.000 луѓе, или цел еден град.

Според податоците, Македонија е помалку загрозена од останатите држави. На пример, Грција ќе остане без 10 проценти од својата популација, Србија ќе изгуби 33,2 проценти од населението, Бугарија 21,9 проценти, Хрватска 7,7, Црна Гора 7,9 и Босна 8,2 проценти од населението.

Иако претпоставката е дека за "исчезнувањето" на популацијата најголеми фактори се тие што повеќе луѓе ќе умираат отколку што ќе се раѓаат, иселувањето и староста, тој тренд не е карактеристичен само за централна и источна Европа, бидејќи според податоците "погодени" ќе бидат и некои од најразвиените земји.

Така на пример, Германија ќе остане без 12, проценти од своето население до 2050-тата година. Истиот случај, само во помали проценти, се однесува и на Финска, Данска, Португалија, Чешка, Полска, Словенија...

Единственото место на Балканот каде во наредните 30 години ќе се случи сосема спротивното - ќе се зголеми популацијата - е Косово. Според податоците, во Косово во 2050-тата година ќе живеат дури 17 проценти повеќе луѓе отколку денес.

"Рекордер" по зголемен број на жители ќе биде Луксембург, каде, според податоците, до 2050-тата година ќе има 48,3 проценти повеќе жители отколку денес.

Во Топ 5 земји чија популација ќе се зголемува се Ирска, Исланд, Шведска и Норвешка.  Бројот на жители, според прогнозите, ќе расте и во Шпанија, Швајцарија, Белгија, Британија, Франција, Австрија, Италија.

Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila