Vip

Крег и Лиза Бојд е британски пар кој тврдел дека се отрул од храна во еден хотелски ресторан во Мексико, всушност се измамници.

Ги издале нивните профили на Фејсбук, на кои, иако тврделе дека се отруле и не можат да одат, истовремено објавувале фотографии од планинарење и пловење на јахти со коктели.

Ова не е прв пат парот да се обиде да го измами истиот хотел. Имено, во 2015-тата година во него престојувале на својот меден месец - тогаш прв пат наводно имале стомачни болки предизвикани од труење. Но, без разлика на тоа, се вратиле веќе следната година, па и таа по неа. И на секое доаѓање во истиот хотел, ги имале истите проблеми.

За секој пат кога наводно се труеле, хотелот им ги покривал сите трошоци во знак на извинување. На тој начин самата патничка агенција и хотелот избегнувале лош глас и избегнувале високи трошоци за судски постапки и оштета која може да им ја одреди судот.

Овој пат, парот не ја добил постапката. Нивните фотографии од Фејсбук покажале дека не им било ништо од храната.

До неодамна, хотелите и патничките агенции повеќе сакале да се договорат со незадоволните туристи, отколку да одат на суд. Но, поради порастот на лажни обвиненија, изгледа дека се принудени детално да ги проверат обвиненијата за труење со храна.

Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila