Vip

Американецот Дејл Зелко, пилот на „невидливиот“ авион „Ф-117“ кој што беше соборен од страна на српската против-воздушна одбрана на четвртиот ден од бомбардирањето на НАТО на Србија во 1999-та година открива како го преживеал соборувањето на авионот и како бил спасен во најголемата спасувачка акција од крајот на виетнамската војна.

Тој полетал од базата во Италија на 27-ми април и тргнал од северот на Србија кон Белград каде што фрлил две бомби. Во текот на летот, тој вели дека имал некакво лошо претчувство кое што го следело целиот период.

- Невидливиот авион не може да комуницира со базата и знаев дека моите нема да знаат доколку ми се случи нешто. Гледајќи ги облаците и бурата во мракот, почувствував некаква тежина од главата до петите. Всушност, бев преплашен - вели Зелко.

Откако ја погодил метата, планирал да се врати во базата. Но, тогаш против-воздушната одбрана на Србија започнала да ги лансира ракетите. Неколку од нив успеал да ги избегне, но потоа една го погодила крилото од авионот. Авионот започнал да паѓа, а Зелко не можел да се катапултира веднаш.

- Се ми помина низ глава. Мојот живот, семејството, сликата како тагуваат над моето мртво тело, авионот кој што паѓа. И одеднаш се најдов во седиште кое што паѓа. Некако успеав да се катапултирам и започнав да се спуштам со падобранот. Тогаш само размислував за тоа дека српските војници веќе ме чекаат долу - раскажува американскиот пилот.

Зелко вели дека се спуштил меѓу две села, на триесетина километри од Белград. Паднал во нива и се сокрил во канал за наводнување. Вели дека го вклучил уредот и започнал да бара "GPS" сигнал.

- Ми олесна кога успеав да воспоставам врска со базата. Со часови бев во каналот. Во далечина се слушаа возила, хеликоптер. Одеднаш слушнав дека некој е покрај мене. Видов куче на петнаесетина метри од мене. Го зедов мојот нож и чекав. Но, кучето се сврти и замина - раскажува Зелко.

Кога долетал хеликоптерот од Тузла за да го спаси, тој имал проблеми - уредот за инфрацрвен сигнал се расипал, а на радио врската можел само да слушне „Каде си, не те гледаме“.

- Скокнав од каналот и испалив сигнална ракета. Чекав кој ќе ме фати прв. Дотрчаа двајца војници. Не знаев чии се тие војници се додека не ми проговорија на англиски јазик. Утредента ѝ се јавив на мојата ќерка и ѝ го честитав 10-тиот роденден. Дури тогаш сфатив дека ме спасиле - раскажува Зелко.

Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila