Италијанската полиција го уапсила работникот од службата за Итна помош, 42-годишниот Давиде Гарофало, кој е осомничен дека убивал тешко болни пациенти во замена за пари, а се во договор со погребално претпријатие поврзано со мафијата.

Полицијата го уапсила работникот во Катанија на Сицилија во рамките на случајот "Итна помош на смртта".

Овој медицински работник вбризгувал воздух во вените на тројца пациенти, што довело до нивна смрт од емболија, додека биле префрлани дома од болница во градот Бианкавила.

За секој смртен случај работникот добивал по 300 евра. Тој на несреќните семејства им го препорачувал погребалното претпријатие поврзано со мафијата.

Уште двајца работници во Итната помош се под истрага поради слични случаи.

Се верува дека на овој начин биле убиени педесетина луѓе.

Претходно од оваа категорија:

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа