Малкумина знаат дека најголемата пирамида на светот не е Кеопсовата, туку тоа е Големата пирамида Чолула во местото Пуебла, во централно Мексико.

Базата на овој древен храм на Ацтеките е дури четири пати поголема од таа на пирамидата во Гиза.

Не е познато кој го изградил овој таинствен објект, чија старост се проценува на околу 2000 години, но сигурно е дека материјалот од кој е изграден помогнал пирамидата да остане сокриена.

Хернан Кортес, кој во 1519-тата година извршил инвазија на древниот град Чолула, таа пирамида не ја ни забележал, а локалното население тој објект го откриле дури во 1910-тата година, иако е долг 450 метри, колку девет олимписки базени.

Се до почетокот на 20-тиот век, оваа најголема пирамида на светот, била сокриена под густата вегетација. Денес пирамидата е позната под името "Планина која ја направил човекот".

Многу малку се знае за оваа пирамида. Се смета дека изградбата почнала 300 години п.н.е, но не се знае кој ја изградил.

При истражувањата било откриено дека на тоа место всушност постојат шест пирамиди, градени една над друга. За градбата се користеле цигли, направени со мешање на кал и други материјали, како песок или слама, кои потоа се печеле на сонце.

Во сува клима, овие цигли се многу издржливи и траат илјадници години.

Пирамидата може да се истражи преку мрежата од тунели направени на почетокот на 20-тиот век и е најголем споменик некогаш изграден, а според структурата потсетува на пирамидата на Сонцето во Теотихакан.

Во близина на пирамидата биле пронајдени околу 400 гробови, по што може да се заклучи дека тоа било некој вид на свето место.

Претходно од оваа категорија:

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа