Тајна, напуштена нуклеарна база на Гренланд, која САД ја користеле за време на Студената војна е пронајдена по топењето на мразот поради глобалното затоплување.

Доколку мразот продолжи да се топи со оваа брзина, токсичниот отпад од базата би можел да заврши во морето. Базата "Камп Сенчури" со првиот мобилен нуклеарен генератор, била отворена во 1959-тата година.

Во базата работеле 200 припадници на американската војска. Самата база имала три километри подземни тунели кои биле закопани длабоко во мразот. Оваа база била посебно значајна за Америка во 1967-та година во времето на Студената војна.

Дури ни владата на Данска, на чија тогашна територија се наоѓала базата, не знаела која е нејзината вистинска цел. Во кампот бил развиен тајниот проект "Леден црв", со кој Америка можела преку ледени тунели да лансира нуклеарни ракети кон СССР.

 Американската база имала план преку тунелите на "Сенчури" да овозможи лансирање на 600 ракети, кои би можеле да погодат цели во Москва.

Но поради топењето на мразот, морале да ја затворат базата, но останале 9.200 тони хемиски отпад под мразот. Постои опасност оваа огромна количина на опасен отпад да заврши во водите околу базата, а потоа со струите да се рашири и на други места.

Отпадот бил закопан под леден ѕид од 35 метри, но научниците сметаат дека поради глобалното затоплување, целиот ѕид би можел да исчезне во наредните 75 години.

Оваа база би можела да создаде тензии на релација САД-Гренланд-Данска и да претставува мулти-национален, но и мулти-генерациски проблем. Пентагон веќе најавил дека американската влада ќе соработува со Данска и Гренланд за решавање на овој проблем.

Претходно од оваа категорија:

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа