Руските воени сили го открија своето најново оружје токму во новогодишно видео.

По една година покажување на својата воена моќ во Сирија, министерството за обрана сепак се одлучило на малку понежен пристап.

Едноминутно видео покажува десетина кучиња како делат храна и меѓусебно се борат. На снимката се гледа и како тие се играат со официрите. Повеќе од 3.000 кучиња поседуваат руските вооружени сили.

Кучињата од 470-тиот центар за размножување на кучиња во Москва се меѓу најдобрите во Русија.

Центарот лани освоил меѓународно натпреварување каде учествувале сили од Белорусија, Египет, Иран и Узбекистан.

Претходно од оваа категорија:

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа