Жителите на ова село на северот на Турција не се грижат дали ќе снема струја или интернет. Тие комуницираат со свирки, како птици, и без грешка знаат која порака му е пратена на кого, додека звукот оддекнува од околните планини.

"Птичјиот јазик" е стар околу 500 години, го користат 10.000 луѓе, а сега е препознат како важен дел од културата кој се нашол на листата на "UNESCO" за културни наследства.

Со оглед на непристапноста на теренот, куќите во оваа област не се предалеку една од друга, но на мештаните им се потребни по неколку часа да отидат до соседите.

 Овој начин на комуникација најмногу се користи во селото Куској, што во превод значи птичјо село. До пред 50 години, овој јазик се користел ширум областа на Црноморските планини на северот на Турција, а денес неговиот опстанок најмногу е загрозен поради појавата на мобилните телефони.

Овој крај на Турција инаку е познат и по чајот и лешниците, а сега и по единствениот јазик кој само тие го разбираат. За птичјиот јазик да не падне во заборав, локалните службеници го вовеле и во основното училиште.

Претходно од оваа категорија:

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа