Компанијата „Спејс икс“ на Илон Маск, основач на производителот на електрични автомобили „Тесла“, успешно ја лансираше супер тешката ракета-носач „Фалкон хеви“ од вселенскиот центар Кенеди.

„Фалкон хеви“ е досега најголемата конструирана ракета со најмалку двапати повеќе носивост од другите слични ракети. Така на пример, таа може да подигне товар со тежина од 64 тони, додека руската Протон М, која е во редовна употреба, има носивост од 23 тони.

Лансирањата на претходните ракети „Фалкон“, не беа секогаш успешни и вистински товар овојпат нема да има. Наместо тоа Маск во вселената ја испрати својота стара темно-црвена корвета „Тесла“.

Претходно од оваа категорија:

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа