Анонимен купувач од Германија во декември минатата година на аукција го купил целото село Алвине во источната германска покраина Брандебург за 140 илјади евра, во кое што има 12 куќи, неколку штали и гаражи.

Но, сега тој сака да се откаже од договорот, тврдејќи дека не бил „законски способен“ кога преку телефон испратил понуда која што победила на аукцијата.

Андреас Клаус, градоначалник на регионот во кој што спаѓа селото Алвине изјавил дека веќе знаел што би можело да се случи такво нешто, а ненадејната промена на мислењето на купувачот е нешто што може да го разбере.

Градоначалникот открил дека се сретнал со купувачот во самото село. Локалните медиуми откриваат дека купувачот бил изненаден кога видел во каква состојба се градбите во селото кои што биле пред распаѓање, а целата ситуација дополнително се влошила откако селото неодамна било погодено од силна бура.

- Мислам дека откако го виде селото, тој веднаш одлули да се откаже од купувањето - изјавил градоначалникот Клаус.

Матијас Кнаке, претседател на аукциската куќа „Кархаусен“ потврдил за локалните германски медиуми дека моментално има правен спор. Според него, аргументот со кој што купувачот сака да се повлече е нерелевантен.

Додека правниот спор продолжува, селото останува во рацете на моменталниот сопственик кој што го купил селото во 2001-ва година за симболична една поранешна германска марка.

Во куќите моментално живееле 15 луѓе, во најголемиот дел пензионери. Тие сега мора да почекаат и да видат што ќе се случи со нивното село и дали новиот сопственик ќе го реновира.

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа